За ХЕЦ "Луково Поле" - 55 милиони долари!

Bez autora
Sep 26 2011

Македонија ќе добие финансиска помош од Светска банка во вредност од 155 милиони долари во наредниве 2 години. Според министерот за финансии Зоран Ставрески кој е на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, средствата Македонија ќе ги добие бидејќи двете финансиски институции ја оцениле земјава како држава со здрави економски политики, односно по остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот. Станува збор за кредити со најповолни услови: рок на отплата од 15 години со грејс-период од 5 години и каматна стапка од 2% годишно. Tој посочи дека поддршката од Светска банка ќе биде во делот на енергетиката. Во текот на 2012 година ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ "Луково Поле", проект поддржан со средства од Светска банка. Уште во текот на оваа година ќе започне реализацијата на проектот за изградба на 400-киловолтен далновод од Штип до Ниш спроведен од страна на АД МЕПСО.

За ХЕЦ "Луково Поле" - 55 милиони долари!Македонија ќе добие финансиска помош од Светска банка во вредност од 155 милиони долари во наредниве 2 години.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески кој е на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, средствата Македонија ќе ги добие бидејќи двете финансиски институции ја оцениле земјава како држава со здрави економски политики, односно по остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот. Станува збор за кредити со најповолни услови: рок на отплата од 15 години со грејс-период од 5 години и каматна стапка од 2% годишно.

Тој посочи дека поддршката од Светска банка ќе биде во делот на енергетиката.

- Во текот на 2012 година ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ "Луково Поле", проект поддржан со средства од Светска банка. Уште во текот на оваа година ќе започне реализацијата на проектот за изградба на 400-киловолтен далновод од Штип до Ниш спроведен од страна на АД МЕПСО. Покрај тоа, ќе добиеме и средства за поддршка на инфраструктурни проекти за општините, проект со кој што десетици општини во земјава, пред се од посиромашните региони, ќе добијат пари за реализација на инвестициски проекти во делот на реконструкција на улици и улично осветлување, набавка на возила за јавните комунални претпријатија и слично во висина од 30-35 милиони долари - изјави Ставрески.

Проектот ХЕЦ "Луково Поле" е инвестиција на ЕЛЕМ кој треба да ја реализира во период од четири години со сопствени средства и со кредит од 50 до 55 милиони долари што ќе го добие од Светска банка. Изработката на студијата за влијанието врз животната средина чини 272.000 евра, а тие ќе се платат од заемот на Светска банка од 2,24 милиони евра, кој пролетоска му беше доделен на ЕЛЕМ за плаќање на подготвителните работи за овој проект.

ХЕЦ "Луково Поле" треба да го зголеми уделот на обновливата енергија во вкупното производство на струја во Македонија. Според хидролошките анализи, ќе се обезбедат дополнителни 160 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво. "Луково Поле" ќе биде акумулација со волумен од 39 милиони кубни метри и ќе е лоцирана во планинскиот масив на Кораб, во строго заштитената зона на Националниот парк "Маврово".
Изградбата на 400-киловолтниот далновод Штип - Ниш во должина од 69,83 километри чини 18 милиони евра и се планира да биде пуштен во работа во 2014 година.

Министерот Ставрески вели дека Македонија доби и гаранција од Светска банка за добивање на кредит вреден 35 милиони долари од комерцијални банки.

- За осигурување од природни непогоди и катастрофи, што е значајно за земјоделците и приватните фирми за заштита на нивниот имот од поплави, град и слично, Македонија доби 5 милиони долари - вели Ставрески.

Тој нагласува дека 20 до 30 милиони долари Македонија добива од Светска банка за зајакнување на конкурентноста на економијата, како и за подобрување на квалитетот на образованието.

- Сакаме да се подобри квалитетот на образованието во насока на продуцирање на кадри коишто ги бара пазарот на работна сила, што секако е и еден од клучните елементи на подобрување на конкурентноста на македонското стопанство. Ќе има и буџетска поддршка во насока на спроведување на реформите во повеќе области - рече Ставрески.

Тој нагласи дека остварените резултати во однос на порастот на бруто-домашниот производ, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот се клучните три работи што беа позитивно оценети од страна на мисијата на ММФ и на Светска банка за Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik